Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино се шегуваше и го натера Реал Мадрид да објави официјално соопштение

Покетино се шегуваше и го натера Реал Мадрид да објави официјално соопштение

Шегата на тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино за тоа каде неговиот тим ќе престојува пред финалето во Лигата на шампионите, не беше најдобро сфатена во Реал Мадрид, па „кралевите“ дури реагираа и со соопштение за медиумите.

Аргентинецот кој се поврзуваше се тренерското столче во Реал Мадрид разговараше со шпанските медиуми во текот на припремите на Спарси за големото финале во Лигата на шампионите кое ќе се одигра во Мадрид на 1-ви јуни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ќе работиме на Валедебас, тренинг центарот на Реал Мадрид, а ќе бидеме сместени во хотел во негова близина. Го прашав Флорентино Перез дали ќе ни дозволи да престојуваме во комплексот, но ми беше кажано дека таму ќе можам да престојувам кога ќе станам тренер на Реал“, се пошегува Покетино.

После оваа изјава на Покетино брзо реагираше управата на актуелниот европски шампион кој се огласи со соопштение.

„Реал Мадрид е изненаден од изјавата на тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино во која зборува дека побарал неговиот тим да престојува во нашиот центар. Сакаме на сите да им биде јасно дека не сме добиле никакво барање. Нашиот клуб е на располагање на сите од УЕФА, Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Тотенхем. Ние единствено добивме барање за користење на теренините за тренинг и соблекувалните и истите се одобрени. Исто така сакаме да истакнеме дека смештајот е прашање кое го решава УЕФА во склад со организациските и сигурносните критериуми“, стои во сооштението на Реал.

Финалето помеѓу Ливерпул и Тотехем се игра на 1-ви јуни на „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…