Дома Фудбал Англија Покетино жали за Мурињо, но не коментира дали тој ќе биде негов наследник

Покетино жали за Мурињо, но не коментира дали тој ќе биде негов наследник

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не можеше да избега од прашањата за отказот на Мурињо и шпекулациите за негово преземање на кормилото на „Олд Трафорд“.

Аргентинскиот стратег истакна дека многу жали за отказот на Португалецот, со кого е многу добар пријател.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека во овие пет години имаше многу шпекулации поврзани за мојата иднина. Не можам да одговорам на таквите шпекулации. Не е моја работа што се случува во другите клубови. Концентриран сум на Тотенхем, ни претстои многу тежок период. Сега за нас најважно е четвртфиналето во Купот“, истакна Покетино.

„Сакам да испратам искрени поздрави до Мурињо. Жал ми е поради ситуацијата во која се наоѓа, бидејќи го познавам добро и имаме одлични односи. Тој е многу добар пријател, па поради тоа денешните вести се тажни“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…