Дома Фудбал Англија Познато колку пари ќе потроши Њукасл во јануари?

Познато колку пари ќе потроши Њукасл во јануари?

Њукасл од неодамна е во сопственост на принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман и очекувањата на навивачите се големи.

Саудискиот принц располага со огромно богатство и е убедливо најбогат помеѓу сопствениците на фудбалските клубови. Сепак, поради финансискиот фер-плеј нема да може преку ноќ да ги доведе најдобрите играчи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во јануарскиот преоден рок Салман ќе може да потроши околу 230 милиони евра затоа што претходниот сопственик Мајк Ешли се погрижи Њукасл во претходните три години да работи со плус од 30 милиони евра со уште 50 милиони евра вложувања во младинските категории и тренинг центарот.

Меѓутоа во островските медиуми се пишува дека сопствениците ги разочарале навивачите затоа што решиле да не ги трошат веднаш тие 230 милиони евра и за зимскиот преоден рок на располагање наводно ќе имаат 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната …