Дома Фудбал Лига на шампиони Познати 20 сигурни патници во Лигата на шампионите – имаме и еден дебитант!

Познати 20 сигурни патници во Лигата на шампионите – имаме и еден дебитант!

После завршувањето на натпреварите од минатиот викенд во националните првенства ширум Европа, списокот на сигурни учесници во групната фаза од Лигата на шампионите се „заокружи“ на 20.

Помеѓу клубовите кои веќе обезбедија пласман во Лигата на шампионите претежно се станардните учесници од најсилните пет лиги, но има и неколку клубови кои се враќаат после одредена пауза. Тука најмногу се мисли на Локомотив Москва и Клуб Бриж.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За сега е познат и еден дебитант кој следната сезона за прв пат ќе настапи во Лигата на шампионите. Станува збор за Хофенхајм кој оваа сезона го освои третото место во германската Бундес лига и така се избори за прво учество во најелитното европско натпреварување во својата историја.

Сигурни учесници во Лигата на шампионите:

Шпанија: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Валенсија

Германија: Баерн Минхен, Шалке, Хофенхајм, Борусија Дортумд

Англија: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул

Италија: Јувентус Наполи Рома

Франција: ПСЖ

Останати: Локомотив Москва (Русија), Порто (Португалија), Шахтјор (Украина), Клуб Бриж (Белгија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер за 40 милиони евра ја купува ѕвездата на Рома!

Александар Станковиќ се враќа дома. Интер го договори неговиот трансфер со Клуб Бриж, но т…