Дома Фудбал Англија Позната првата трансфер желба на Барса – спремни 50 милиони!

Позната првата трансфер желба на Барса – спремни 50 милиони!

Барселона и понатаму е активна во борбара за сите три трофеи, но е во тешка ситуација кога е Примера во прашање и се наоѓа пред елиминација во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа значи дека на лето Каталонците ќе направат мала револуција во тимот, а шпанските медиуми тврдат дека првата трансфер мета е веќе позната, а тоа е фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин.

Белерин беше прогласен за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата минатата сезона, а Барселона за него покажува инетерс уште од минатото лето.

Каталонските медиуми тврдат дека Барселона ќе направи се за да го донесе Белерин на „Камп Ноу“ следното лето, особено поради фактот што десната бековска позиција е „црна точка“ во тимот оваа сезона.

Цената на овој трансфер би требало да изнесува околу 50 милиони евра, а медиумите тврдат дека олеснителна околност за Барселона може да преставува фактот што Венгер најверојатно ќе го напушти Арсенал по завршување на сезоната.

Белерин е фудбалер кој поникна во школата на Барселона, па доколку се одлучи да го напушти „Емирати“ сигурно дека прва опција ќе му биде да се врати во каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…