Приоритет на Милан за следната сезона ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да го наследи Оливие Жиру.
Минатото лето пристигна Лука Јовиќ на позајмица за една година, но клубот сака на лето да донесе млад и перспективен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главна цел ќе биде ѕвездата на Лајпциг, Бенџамин Шешко, кој има 20 години и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Словенскиот репрезентативец го споредуваат со Халанд, бидејќи блесна во дресот на Салцбург, но има одлична техника и чувство за гол.
Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 45 милиони евра за да го донесе на „Сан Сиро“, но ќе мора да ја победи големата конкуренција.