Поднесена е иницијатива за свикување на Вонредно Собрание на Македонскиот Олимписки Комитет на кое како што сега стојат работите би можел да биде сменет актуелниот претседател Даниел Димевски.
Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На барањето на свикување на Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидулани членови од Собранието.
Барањето за свикување Вонредно Собрание кое после повеќе неуспешни обиди конечно на ден 09.01.2024 година е примено во архивата на Олимпискиот Комитет на Македонија ги содржи следните точки на Дневен ред:
1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно.
Ситуацијата би требало да биде решена во наредниот месец или два, а ако се случи смена значи дека Македонија со нов претседател на МОК ќе оди на Олимписките игри летово во Париз.