Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои со големо мнозинство му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат. Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани.
По изборот, Димевски истакна дека и понатаму ќе ги брани интересите на МОК и на националните спортски федерации, макотрпно работејќи за да обезбеди натамошна финансиска и логистичка поддршка за развој на македонскиот спорт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Крајната цел на МОК, според Димевски, е да го развива националниот спорт според начелата на олимпизмот и да овозможи подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки.