Меѓу репрезентативците на „Коцкестите“, Шиме Врсаљко се истакнува со големиот број на тетоважи кои му го прекриваат речиси целиот горен дел од телото.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шиме на грбот има истетовирано вистинско уметничко дело, а најдобро тоа се виде после победата против Англија, кога тој ја соблече маицата. На дното од грбот ја има истетовирано „Тајната вечера“, додека над тоа имаена со дете која по држењето наликува на Богородица со Исус во рацете. Тука се и ангелите, галабицата, ружата и облаците.
Неговата рака, пак, ја краси тетоважа на пепертука во боја, а на градите има голем крст. На десната страна од торзото, со необичен фонт, има испишано напис кој фановите уште го немаат „дешифрирано“. А меѓу неговите тетоважи уште можат да се видат и еден светилник, срце и многу други работи.