Откако го одобрија медицинскиот протокол, поголем број на клубови во Италија започнаа со групни тренинзи додека останатите ќе почекаат до понеделник.
Неколку верзии на медицински протокол беа одбиени, но на крајот сите се договорија да започнат со тренинзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Удинесе со групни тренинзи започна денеска, а се придружија Интер, Милан, Наполи, Рома, Фиорентина, Сасуоло, Парма, Каљари, Аталанта, Торино, Џенова и Лече.
Тимовите кои се уште не почнале со групни тренинг сесии, туку тренираат со социјална дистанца се Јувентус Лацио, Верона, Бреша, Сампдорија, СПАЛ и Болоња.
Тие групните тренинзи ќе ги започнат од понеделник, бидејќи така одлучија нивните медицински тимови во согласност со стручните штабови.