Една од приказните која деновиве е интересна за британските медиуми е повикот до Премиер лигата да го преиспита преземањето на Њукасл од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.
На раководните лица на Премиер лигата им е препорачано уште еднаш да ги преиспитаат документите кои ги добија при продажбата на Њукасл и тврдењата на новите сопственици дека самата држава Саудиска Арабија нема да има никаков удел во клубот, откако се појавија нови моменти на судењето во Соединетите Американски Држави.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новите документи кои повторно се појавија на површина го поставуваат прашањето за вистинската сопственост и реалниот капитал зад Фондот за јавни инвестиции во сопственост и со кој претседава Јасир Ал Румај од Њукасл.
Документацијата произлезе во случај со Јавниот инвестициски фонд и „ЛИВ Голф“, а тие тврдат дека фондот е директно под влијание на државата, а еден од доказите за тоа е фактот што Ал Румај е еден од министрите во Владата на Саудиска Арабија.
Премиер лигата го одобри преземањето на Њукасл во октомври 2021 година по долга сага и бројни проверки и откако доби „правно обврзувачки гаранции дека на кој било начин нема држава зад фондот и дека државата нема да има никаква контрола врз клубот“.
По новиот развој на настаните, „Амнести Интернешенел“ побара од Премиер лигата повторно да ја разгледа продажбата на Њукасл.