Дома Фудбал Останато Повеќе не е тајна: Еве на кого Нејмар го посвети вчерашниот гол (ФОТО)

Повеќе не е тајна: Еве на кого Нејмар го посвети вчерашниот гол (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар вчера постигна гол во победата на ПСЖ над Стразбур.

Нејмар погоди на фантастичен начин со ножички во судиското продолжение. ПСЖ така оствари нова победа, а Бразилецот покажа дека на теренот се уште е важен играч за овој тим. Не му пречеа ниту бројните свирежи и навредливи транспаренти од навивачите на ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот гол беше мајсторија, а истиот го прослави така што топката ја стави под својот дрес и десниот палец го стави во уста.

Не беше јасно на кого Нејмар го посвети голот, но подоцна се покажа дека тоа го направил поради неговата поранешна девојка Керол Дантас која неодамна се породи.

Девојката на Нејмар со која има осумгодишен син сега е во брак со Винисус Мартинез, меѓутоа Бразилецот очигледно останал во добри односи со неа, па и го честиташе раѓањето на детето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…