Со крајот на вечерашните натпревари за квалификациите за СП познати се сите учесници кои обезбедија директен пласман, но и на оние кои ќе одигруваат бараж.
Со победата во Киев со 2:0, селекцијата на Хрватска успеа да се пласира во баражот каде ќе биде една од носителите. Најголемиот губитник е сигурно селекцијата на Словачка која остана без бараж со оглед на тоа дека заврши како најлошо второпласирана селекција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Единствено не е познато дали Португалија или Швајцарија директно ќе се пласираат на Мундијалот во Русија или ќе завршат во бараж. Сепак, која и од овие две екипи да заврши во баражот по утрешниот судир, ќе имаат улога на носители. Во групата носители се Португалија или Швајцарија, Италија, Данска и Хрватска, додека неносители се Северна Ирска, Шведска, Ирска и Грција.
Така во баражот би можеле да се состанат:
Хрватска-Грција
Италија- Шведска, Португалија/Швајцарија
Данска-Северна Ирска
Сепак, точните баражни двојки ќе ги дознаеме на 17. октомври кога ќе се оддржи и ждрепката. Првите дуели од баражот ќе се одиграат од 9. до 11. ноември, а реванш дуелите од 12. до 14. ноември.