Дома Фудбал Останато Победија 16:0, па добија казна од тренерот

Победија 16:0, па добија казна од тренерот

Во средата хрватски Осијек одигра пријателски натпревар во кој победи со 16:0 против нисколигашот од Австрија ФК Раифајзенбанк. Но, по овој натпревар италијанскиот тренер на клупата на хрватскиот клуб, Федерико Копители бил незадоволен од одредени работи.

По победата фудбалерите требало да имаат слободен ден, сепак како казна морале да се појават на тренинг.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прво во долг монолог Копители им објаснил дека е незадоволен од нивното однесување на теренот и тактичката неодговорност која ја покажале. Исто така им потенцирал дека во иднина такво однесување нема да толерира.

По одржаниот монолог фудбалерите биле испратени да работат кондициски тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…