
Тимот на Победа се засили со 16-годишниот Константино Ѓорѓиовски.
Во редовите на прилепскиот тим Ѓорѓиовски доаѓа од Беласица каде што не се задржа долго. Ѓорѓиовски иако има само 16 години сепак се избори за настап во првиот состав.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тој веќе настапи на тест натпреварот на Победа против Пелистер каде што добро се покажа и македонскиот второлигаш одлучи да му даде договор и да го вклучи во тимот на Филип Мирчевски.
Ѓорѓиовски го чека настап и на Светското првенство до 17 години со селекцијата на Нов Зеланд за која настапува. Првенството ќе се игра од 10-ти ноември до 2-ри декември оваа година.