Поранешниот спортски директор на Партизан Ивица Илиев за „Арена Спорт“ потврди дека поврзувањата на Пирло со гигантот од Белград не биле само шпекулации.
Во еден период се пишуваше дека Андреа Пирло може да седне на клупата на црно-белите, но на крајот од тоа не испадна ништо. Илиев потврди дека Пирло прифатил да го води Партизан за многу помала плата откоколу што подоцна доби во Турција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Имавме состанок и разговаравме, Пирло сакаше да го тренира Партизан за пет пати помалку пари отколку што доби во Турција. Преговорите се водеа 10-15 дена и се разговараше за ситни детали, на крајот не се договоривме“, изјави Илиев.
Пирло на крајот го преземе тимот на Карагумрук кој во овој момент се наоѓа на 13. позиција во Суперлигата.