Италијанската фудбалска легенда, Андреа Пирло од пред два дена официјално е тренер на турски Карагумрук, со оглед на тоа дека поранешниот тренер на Јувентус имаше понуди и од други клубови овој избор е изненадувачки.
Пирло претходно го водеше Јувентус кој беше негов прв клуб во кариерата и се очекуваше да продолжи во некое од најсилните пет првенства во Европа. Сепак на крајот се одлучи за Карагумрук.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во изјава по претставувањето Пирло кратко објасни зошто го избрал овој клуб.
„За мене беше важно да се вратам после паузата коај ја имав. Имав понуди од други клубови од странство, но и од Италија. Меѓутоа кога слушнав за амбициите на овој клуб не размислував многу, брзо ме убедија да дојдам тука“, изјави Пирло.