Jувентус вчера го победи Интер со 1:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола на Јувентус беа дело на Роналдо, а Португалецот Пирло го замени на 15 минути до крајот од мечот. Тогаш на терен место Роналдо влезе Алваро Мората. Добро познато е дека Роналдо не сака да биде заменет кога нема причина, па и овој пат покажа дека потегот на Пирло не му се допаѓа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Пирло беше запрашан за оваа ситуација и стратегот на Јувентус даде краток одговор.
„Никаде во договорот не пишува дека Роналдо не смее да биде заменет. Го разбирам, но во сабота не чека важен и тежок натпревар (против Рома) и одлуката да го одморам беше паметна. Сметам дека е добро кога има можност од време на време да одмри“, изјави Пирло.