Aндреа Пирло своевремено сигурно беше еден од најдобрите играчи за врска во светот, а многумина и денес ги паметат неговите фантастични натпревари во дресот на Милан и Јувентус.
Пирло пред две години одлучи да ја заврши својата блескава кариера во која освои се што можеше. Израсна во Бреша, а потоа во 1998 година потпиша за Интер каде што баш и не се наигра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вистинскиот потег го направи кога во 2001 година премина во Милан со кој ја освои Европа. После десет сезони во дресот на „росонерите“ Пирло изненади кога кариерата ја продолжи во Јувентус со кој доминираше во Серија А.
Пирло дури на самиот крај одлучи да оди надвор од Италија и тоа во САД каде што потпиша за Њујорк Сити. Во својата автобиографија призна дека претходно можел да се проба во некоја друга лига и дека останува да жали што не преминал во Барселона кога Пеп го викал.
Тој во една прилика разговарал со Гвардиола кој јасно му кажал дека сака да го види во Барселона, но тогаш сопственикот на Милан Силвио Берлускони едонставно не сакал да слушне за тоа.
„Се сеќавам кога зборував со Гвардиола и тој ми кажа дека Барселона е многу понапред од другите клубови што се докажа понатаму. Бараше играч во средниот ред кој би се ротирал со Чави, Иниеста и Бускетс. Тогаш го впери прстот кон мене и ми кажа дека јас сум тој играч кој го бара“, изјави Пирло и додаде:
„Верував дека имам се што треба за да станам играч на Барселона. Да бидам искрен, би лазел до Барселона бидејќи тоа беше најдобрата екипа во светот во тој момент. Но, не се прашував само јас одлучија некои други работи и мојата кариера отиде во една поинаква насока“, раскажа популарниот „Моцарт“.