Mилан вчера не дозволи изненадување и со убедливи 3:0 го победи Сасуоло со што стигна до Скудетото после 11 сезони.
Големи заслуги за овој успех на Милан секако има тренерот Стефано Пиоли кој се пожали дека во славјето после мечот му го украле медалот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ми го украдоа медалот, некој ми го зема од врат. Можеби ќе испратам жалба, тој е единствениот кој го имам“, гласеше изјавата на Пиоли.
По неговата изјава стигна одговор од Серија А од каде што преку официјалниот Твитер му ветија нов медал.
„Господине Пиоли уште утре ќе ти дадеме нов медал“, стои во објавата.