Вчера Милан со 3:0 го победи Јувентус во важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите.
Милан направи исчекор во големата борба, а Јувентус по поразот се најде надвор од топ 4. „Старата дама“ е на петтата позиција и во последните три кола ќе се обиде да дојде до некое од местата кое водат во ЛШ.
Стратегот на Милан, Стефано Пиоли нормално беше задоволен од победата на неговиот тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Јас сум човек кој не верува во перфектен перформанс, но ако постои денес бевме блиску до тоа. Одигравме натпревар како искусен тим, максимално посветено. Милан никогаш не победил на овој стадион и задоволството е навистина големо“, изјави Пиоли.