Дома Фудбал Италија Пиоли: Одиме да ја освоиме Лига Европа

Пиоли: Одиме да ја освоиме Лига Европа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите играчи и натаму се во трка да го освојат трофејот во Лига Европа и покрај поразот од Рен со 2:3 во реваншот и начинот на кој се обезбеди пласман во осминафиналето каде што „росонерите“ ќе се сретнат со Славија Прага (ТУКА).

„Одиме дома со задоволство што се пласиравме во следната фаза после тежок натпревар. На моменти изгледаше премногу лесно, но ова е Европа. Можевме подобро во првото полувреме, но Рен одигра силен меч. Дефинитивно не ни беше лесно“, изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Запрашан за шансите на Милан за пехарот во ЛЕ, еве што одговори стратегот на „росонерите“:

„Ќе се обидеме, тоа е јасно. Имаме добра серија и во Серија А и сакаме да продолжиме вака за да ги стигнеме тимовите пред нас, особено Јувентус“, истакна стратегот на гигантот од Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…