Дома Фудбал Италија Пиоли: Нови договори за Ибра, Донарума и Чалханоглу што е можно поскоро!

Пиоли: Нови договори за Ибра, Донарума и Чалханоглу што е можно поскоро!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека клубот работи на продолжување на соработката со неколку важни фудбалери.

Медиумите пренесуваат дека Милан е во напредни преговори со Мино Раиола за продолжување на договорите со Ибрахимовиќ и Донарума.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Понуда за нов договор исто така е испратена и за Чалханоглу, кој оваа сезона блесна под водство на Пиоли.

„Новите договори на Ибра, Донарума и Чалханоглу? Клубот сака да ја реши таа ситуација што е можно поскоро. Сега сме фокусирани на последните два меча, а следната недела е добро време да се реши прашањето со новите договори“, изјави Пиоли.

„Следната недела и јас ќе имам состанок со раководството за да разговараме за тимот за следната сезона. Сега сакаме да освоиме што е можно повеќе бодови и да се обидеме да завршиме на 5-то место на табелата“, додаде Пиоли пред утрешниот меч со Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФА покрена обвиненија против Родри заради неговите коментари поврзани со судиите

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини фудбалерот Родри за неправилно однесување пор…