Дома Фудбал Италија Пиоли: Нема изговор за ваков пораз

Пиоли: Нема изговор за ваков пораз

Милан синоќа доживеа тежок пораз на гостувањето кај Челзи од 3:0 во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“не можеа да сметаат на неколку клучни играчи, но тренерот Стефано Пиоли вели дека тоа не е изговор за лошата игра.

„Отсуството на некои играчи не треба да биде изговор. Моравме подобро да реагираме при шансата на Круниќ. Не влеговме добро во натпреварот, се изгубивме и правевме грешки и во моментите кога Челзи не не притискаше. Кога правите такви грешки против толку добар противник работите се комплицираат“.

„Губевме топки и им дававме премногу простор на играчите на Челзи. Вториот гол на Челзи комплетно не парализираше и тоа не смее да се случи. Од поразите мораме да учиме“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси се појави и му го украде засилувањето на Интер, веднаш даде повеќе пари!

Челси го направи својот прв трансфер ова лето, обезбедувајќи еден од најголемите таленти в…