Дома Фудбал Италија Пиоли: Нема изговор за ваков пораз

Пиоли: Нема изговор за ваков пораз

Милан синоќа доживеа тежок пораз на гостувањето кај Челзи од 3:0 во Лигата на шампиони.

„Росонерите“не можеа да сметаат на неколку клучни играчи, но тренерот Стефано Пиоли вели дека тоа не е изговор за лошата игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Отсуството на некои играчи не треба да биде изговор. Моравме подобро да реагираме при шансата на Круниќ. Не влеговме добро во натпреварот, се изгубивме и правевме грешки и во моментите кога Челзи не не притискаше. Кога правите такви грешки против толку добар противник работите се комплицираат“.

„Губевме топки и им дававме премногу простор на играчите на Челзи. Вториот гол на Челзи комплетно не парализираше и тоа не смее да се случи. Од поразите мораме да учиме“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Криминалци се обиделе да киднапираат најдобриот фудбалер на Зенит

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, потврди дека полицијата п…