Дома Фудбал Лига на шампиони Пиоли: Натпреварите со Порто ќе бидат клучни, Ибра нема да игра од првата минута

Пиоли: Натпреварите со Порто ќе бидат клучни, Ибра нема да игра од првата минута

После поразите во првите две кола од Лигата на шампионите Милан го чекаат натпревари со Порто кои ќе бидат и тоа како важни за иднината на „росонерите“ во ова натпреварување.

Милан по споменатите два порази е на дното на табелата, а сега го чекаат два натпревари со Порто. Првиот го играат на гости утре.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ќе се соочиме со еден силен и компактен тим. Имаат брзи напаѓачи и добар тренер, ќе биде тоа натпревар на највисоко ниво. Овие два натпревари ќе бидат клучни за крајниот исход“.

Ибрахимовиќ нема да почне од првата минута.

„Златан е подобро, но нема да може да почне од првата минута утре. Сепак, важно е да го имаме во добра кондиција. Загубивме на првите два натпревари и сега мораме да сме максимално фокусирани да не си дозволуваме грешки“, изјави Пиоли.

Натпреварот од третото коло против Порто Милан го игра утре со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…