Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека повеќе не разговара со фудбалерите после натпреварите.
Пиоли не гледа причина да се разговара после мечот бидејќи најважната комуникација според него е пред натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најважните работи се кажуваат пред мечот, а не после тоа. Можеби е потребно само да се разјасни нешто конкретно, но вообичаено претпочитам за зборувам следниот ден. Сега кога е Ибра тука скоро и да не влегувам во соблекувалната“, изјави Пиоли.
„Пред важните натпревари сакам да држам мотивациски говори, но тоа го правам пред натпревар и потоа ја очекувам нивната реакција на теренот. Нема да го заборавам говорот пред дуелот со Аталанта минатата сезона кој беше клучен за пласман во ЛШ, кога завршив лицата на играчите се променија, излеговме и победивме“, откри Пиоли.
Милан оваа сезона игра идклучително добра и после првите 10 кола има 9 победи и едно реми.