Дома Фудбал Италија Пиоли го надмина Анчелоти во процент на победи со Милан

Пиоли го надмина Анчелоти во процент на победи со Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја надмина легендата Карло Анчелоти по процентот на победи на чело на миланскиот гигант.

Под раководство на Пиоли „росонерите“ победиле на 58% од натпреварите, односно 85 победи од 146 меча во изминатите точно три години.

Анчелоти на клупата на Милан победи на 57% од натпреварите. Меѓутоа, треба да се напомене дека Карло помина многу подол период и победи на 239 од 420 меча.

Како процент пред Пиоли остануваат упте Чезаре Малдини (585) и Лајош Џејзлер (64%). Фабио Капело има 54% на победи, додека Ариго Саки 51%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …