Tренерот на Милан Стефано Пиоли потврди дека најдобриот фудбалер на тимот Златан Ибрахимовиќ нема да биде подготвен да настапи на следните два натпревари во Серија А.
Ибрахимовиќ нема да игра во натпреварите со Торино и Каљари во Серија А поради повредата на коленото која ја заработи во дербито против Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Лошата вест е што Ибрахимовиќ нема да игра утре и во недела против Каљари. Има мало истегнување на лигаментите ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, изјави Пиоли.
Милан до крајот на сезоната го чека тешка и неизвесна борба за место во топ 4 и излез во Лигата на шампионите.