Светот се уште не се соземал од големата трагедија во која од овој свет си замина големата легенда Коби Брајант.
Коби вчера го загуби животот во пад на неговиот хеликоптер во близина на Лос Анџелес. Во хеликоптерот на кобниот лет имало уште осум лица, вклучувајќи и ја и неговата 13 годишна ќерка Џана.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хеликоптерот со кој летал Коби бил „Сикорски С-76Б“. Брајант веќе подолго време имал одлична соработка со агенцијата која му го изнајмувала и имал можност да го користи кога ќе посака. Хеликоптерот бил регистриран на компанијата „Исланд Експрес Хеилкоптерс од Филмо“ и никогаш немал проблеми.
Повеќе од 915 часови лет имале овие типови на хеликоптери и според американските медиуми се урнале само два претходно, трет бил овој на Коби.
За медиумите сега зборуваше Курт Деец, пилот кој две години го возел Брајант и работел во компанијата. Според него невозоможно е овој хеликоптер да се урне поради механички дефект.
„Хеликоптерот нуди неверојатни услови. Шансата да имал механички проблем или проблем со моторите едноставно е невозможна. Единствена причина за оваа несреќа можат да бидат лошите временски услови“, смета Деец.