Дома Фудбал Англија Пилотот кој настрада во несреќата во Лестер е вистински херој – спасил најмалку стотина животи!

Пилотот кој настрада во несреќата во Лестер е вистински херој – спасил најмалку стотина животи!

Голема трагедија се случи во саботата во Лестер откако во падот на хеликоптерот загина претседателот на клубот и уште четири лица – двајца негови соработници, пилотот и една патничка.

Лестер ремизираше во саботата против Вест Хем (1:1), а после натпреварот како што е вообичаено сопственикот на клубот со хеликоптерот се упати кон својот дом. Сепак, само 200 метри откако полетал од средината на теренот, се срушил на паркингот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа трагедија ја потресе англиската јавност, а посебно играчите и навивачите на Лестер. Деталите се уште не се познати, но јасно е дека дошло до технички проблем.

Новинарот на „Скај Спорт“ Ден Кокс тврди дека пилотот успеал да спречи уште поголема трагедија.

„Излегов од стадионот и го слушнав хеликоптерот кој полета од теренот. Помислив дека кога ќе ја кренам главата ќе го видам како заминува. Но, тогаш забележав дека нешто не е во ред. Видов како се врти со неверојатна брзина и пилотот сигурно успеа да спаси уште најмалку стотина животи. Пред стадионот имаше многу луѓе, но тој успеа да ја смири ротацијата и да го насочи кон паркингот каде што немаше никој. Пилотот кој загина е навистина херој заедно со полицајците кои веднаш притрчаа и се обидуваа да помогнат, но за жал не можеше ништо да се направи. Ќе загинеа сигурно многу повеќе луѓе доколку пилотот не го насочеше хеликоптерот кон паркингот“, изјави Кокс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…