Се надеваше Вардар денес на прекинување на црната серија во Лигата на шампионите против ПИК Сегед, но тоа не се случи.
Добро отворија црвено-црните, Томовски одбрани, а Стоилов го постигна првиот гол на мечот. Но, се покажа дека тоа ќе биде единствениот гол на Вардар се до 15. минута. За тој период гостите од Унгарија постигнаа осум гола и веќе направи солидна предност. Во таа 15. минута Вардар преку Анте Гаџа го постигна вториот гол (2:8).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Следните пет минути беа нешто подобри за Вардар, па барем успеваше да не му дозволи на ПИК Сегед да се одлепи на повисока раззлика. Во 20. минута Сегед имаше водство од 4:9. Добро беше што Дибиров проработе и постигна три гола во неколку минути.
На истекот на 25. минута ПИК Сегед успеа да се врати на шест разлика (7:13). За Вардар покрај Дибиров во тој период ефикасен беше и Гаџа кој постигна три гола. Пред крајот н полувремето гостите и ја вратија највисоката предност од почетокот на мечот, седум разлика (9:16).
Стартот на второто полувреме донесе подобра игра на Вардар, во првите 10 минути од овој дел ги немаше проблемите во нападот со кој се соочуваа во првиот дел. Со таква игра разликата на ПИК Сегед од седум гола се намали на три (15:18) до 40. минута. По тајм-аутот кој го побара гостинскиот стратег следуваа пет минути во кои се играше без одбрана на голманите гол за гол (17:21).
Сепак, тие 10-15 минути беа и најдобрите на Вардар во натпреварот, Сегед до крајот ја врати добрата игра и без проблеми ја одржуваше предноста од 3-4 гола разлика за на крајот да слави со 27:30.
Најефикасни кај Вардар беа Дибиров и Гаџа со по пет гола. Кај ПИК Сегед Марио Состариќ постигна седум гола.
За Вардар ова беше петти пораз во низа во Лигата на шампионите, после Алборг, Монпелје, Кил и од ПИК Сегед на гости минатото коло.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961