Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике во кариерата беше соиграч со многу големи фудбалски имиња, Каталонецот освои три титули во Лигата на шампионите со Чави, Иниеста и Меси во екипата.
Сега како човек со големо искуство во фудбалот зборуваше за двајцатан ајголеми таленти во светот на фудбалот, Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и Халанд од Борусија Дортмунд. 23-годишниот Мбапе зад себе веќе има големи резултати, го освои Светското првенство со Франција во 2018 година, запиша повеќе од 200 настапи за ПСЖ и постигна повеќе од 150 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Халанд е две години помлад и има само еден поголем трофеј во кариерата, Купот на Германија со Борусија Дортмунд. Но неговата статистика во редовите на „милионерите“ е феноменална 85 голови на 85 натпревари.
Многумина сметаат дека Мбапе и Халанд ќе го наследат ривалството кое во изминатите години го имаа Меси и Роналдо. Пике даде свое мислење на оваа тема.
„Тоа се двајцата најдобри играчи во светот во овој момент. Млади се и можат да освојат многу „Златни топки“. Халанд е класичен напаѓач, силен и постигнува многу голови. Мбапе е покомплетен, може да игра како крило и шпиц. Против Халанд не сум играл, против Мбапе да. Тешко ми е да изберам помеѓу нив двајца“, изјави Пике.
Како што стојат работите новите ѕвезди на европскиот фудбал ќе биде главни во летниот преоден рок во кој се очекува и двајцата да ја променат средината.