Дома Фудбал Пике го обвинија дека профитира на сметка на кризата во Барса, па ја објави својата плата

Пике го обвинија дека профитира на сметка на кризата во Барса, па ја објави својата плата

Каталонската телевизија ТВ3 во емисијата Онзо со уредникот и водител Луис Канута објави вест која предизвика големо внимание.

Емисијата го критикуваше однесувањето на лидерот на Барселона во големата финансиска криза која ја потресе Барселона. Тие објавија дека капитенот на Барселона пред намалувањето на платата добивал 28 милиони евра годишно и дека формално потпишал намалување на платата, но дека сето тоа е надополнето преку бонусите за лојалност. Така Пике би заработувал од лојалност во времето на најголемата криза во Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следуваше жестока реакција на Пике, тој на Твитер ја објави својата платна листа, поточно половина плата. Таа изнесува 2.328.884.39 евра. Значи Пике годишно заработува малку повеќе од 4.65 милиони евра. Тоа е шест пати помалку од износот кој го објави ТВ3.

Пике покрај документот напиша: Луѓето како овој ја користат јавната телевизија да пласираат дезинформации. Еве колку изнесуваше половина од мојата плата за минатата година која ја добив на 30. декември“, гласи пораката на капитенот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Златан Ибрахимовиќ претставн во Амстердам!

Ајакс ја потврди шесмесечната позајмица на Максимилијан Ибрахимовиќ (19) од Милан, која вк…