Дома Македонски спорт Мак ракомет Пеце Рајатоски од Голден Арт се сели во Германија

Пеце Рајатоски од Голден Арт се сели во Германија

По синоќешниот дерби  натпревар со РК Алкалоид, кој како краен епиолог имаше нерешен резултат, десниот бек на Голден Арт и поранешен малдински репрезентативец, Пеце Рајатоски ја продолжува својата играчка кариера во Германија.

Битолчанецот Рајатоски пред стартот на тековната сезона се приклучи на тимот на Голден Арт и допринесе за одличните резултати на клубот во есенскиот дел од сезоната, каде Голден Арт е на делба на првото место со РК Алкалоид од Скопје. 

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Иако Рајатоски е многу важен за нашиот колектив, и ќе недостасува за поголема конкурентност на клубот во остварување на амбициите за сезоната која е во тек, Голден Арт го прифати барањето на ракометарот Пеце Рајатоски, својата кариера да ја продолжи во Германија и со тоа во ниту еден момент недозволувајќи клубот да биде пречка за неговиот понатамошен развој. Клубовите меѓу себе се договорија за премин на ракометарот во новата средина со надеж дека во иднина таа соработка ќе се издигне на повисоко ниво. Голден Арт како колектив во кој партиципираат исклучиво македонски ракометари, ќе работи на промоција на ракометот во Македонија и развивање на македонски производ, со крајна со цел истиот во иднина  да  ја преставува нашата земја на меѓународно ниво. Благодарни сме за неговиот придонес и очекуваме Рајатоски достојно да го преставува клубот и Македонија во странство“, изјави Сашко Даев, претседател на клубот.

Голден Арт му се заблагодарува за неговиот придонес во клубот и му посакува многу здравје и успех во понатамошната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…