Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Европа, а претседателот Флорентино Перез посочи кој европски клуб е најголем ривал на „кралевите“.
Иако во последните години се позасилено е ривалството помеѓу Реал и Барса, Перез истакна дека најголем ривал на „кралевите“ секогаш бил и ќе биде Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа упати комплименти до миланскиот гигант и истакна дека е среќен што клубот се враќа на голема сцена.
„Милан се буди и многу сум среќен за тоа. Овој клуб отсекогаш бил, а и наредните 50 години ќе биде најголем ривал на Реал Мадрид, а тоа нема да биде Барселона или некој друг клуб“, ијави Перез за радиото „Марка“.
Милан е најблиску до бројот на освоени трофеи на Реал Мадрид, „росонерите“ имаат 7 трофеи и се второпласирана екипа во Европа, пред Барселона, Баерн и Ливерпул со по 5 трофеи.