Дома Топ вести Перез има старо-нова мета – Не успеаа пред две години, сега повторно ќе се обидат!

Перез има старо-нова мета – Не успеаа пред две години, сега повторно ќе се обидат!

Шпанските медиуми утрово пренесуваат интересна вест.

Реал Мадрид го обновил интересот и повторно ќе се обиде да го доведе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Де Геа со години наназад се доведуваше во врска со преминување во Реал Мадид, дури во август 2015 година трансферот практично беше завршен, но поради доцнење на документацијата од Манчестер, Шпанецот остана на „Олд Трафорд“.

Шпанските медиуми сега тврдат дека Реал е спремен да понуди 70 милиони евра за голманот кој е роден во Мадрид и кој своевремно го носеше дресот на градскиот ривал Атлетико.

Доколку се склопи договор со двете страни, односно помеѓу клубовите трансферот би требало да биде реализиран бидејќи Де Геа има голема желба да го облече дресот на шампионот на Европа.

Доколку Де Геа навистина премине во Реал Мадрид тој би станал најскапо платениот голман во историјата.

Шпанецот на „Олд Трафорд“ веќе настапува шест години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…