Водечкиот тим во Премиер лигата, Манчестер Сити ќе има многу тешка работа следниот месец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Април нема да биде ниту малку лесен за избраниците на Пеп Гвардиола, а тешкиот распоред се создаде откако што ждрепката одлучи во четвртфиналето од Лигата на Шампионите да играат против Тотенхем.
„Граѓаните“ на 14. апртил ќе му гостуваат на Тотенхем во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, па два-три дена подоцна ќе му гостуваат на Кристал Палас, па потоа повторно ќе го пречекаат Тотенхем, а потоа одат во гости против градскиот ривал, Манчестер Јунајтед.
Покрај тоа, Сити има дуели и со Кардиф и Барнли во април кога станува збор за Премиер лигата, иако дуелите против Тотенхем ќе бидат најтешки и можеби одлучувачки за комплетната сезона. Во Сити нема речиси никакво време за одмор во април, па добро ќе им дојде репрезентативната пауза, а потоа ќе се борат во одлучувачките натпревари за титулата во Премиер лигата, како и Лигата на Шампионите.
Manchester City’s run of fixtures in April:
?? Tottenham (a)
??????? Tottenham (h)
?? Tottenham (h)
??????? Man Utd (a) pic.twitter.com/kdDCXZDovF— BenchWarmers ☘️? (@BeWarmers) March 15, 2019