Легендарниот Едисон Арантес до Насименто (81), познат како Пеле празниците ги дочека со своите најблиски откако пред крајот на годината беше пуштен од болница, но сега повторно е вратен во болничкиот кревет.
Долго беше Пеле хоспитализиран поради хемотерапијата, а се сметаше дека кон крајот на декември ја направи и последната, но неговата здравствена состојба повторно се влоши.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„ЕСПН“ објави дека ракот се проширил на телото на бразилската легенда и дека му се откриени уште три тумори и тоа на цревата, бубрезите и белите дробови. Поради тоа трикратниот светски шампион повторно е хоспитализиран во болницата во Сао Паоло.




Бразилецот на 4. септември минатата година беше опериран поради тумор на дебелото црево, откриен при рутински лекарски преглед.