Дома Фудбал Останато Па, ова не е можно…Пари Сен Жермен е „чист“ – трошел колку што ФФП дозволува!?

Па, ова не е можно…Пари Сен Жермен е „чист“ – трошел колку што ФФП дозволува!?

psg

После ова јасно е дека ФФП важи само на „хартија“.

Како е ова можно, тешко е да се каже…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пари Сен Жермен е ослободен од истрагата на ФИФА, иако ги „пумпаше“ спонзорските договори преку разни институции, поточно фирмите од Катар кои се поврзани со семејството на сопственикот на ПСЖ, Ал-Тани.

УЕФА порача дека продолжува да следи што ќе се случува во наредните недели, но ако ПСЖ во преостанатите 17 дена од јуни продаде играчи во вредност од 60 милиони тие практично и 100% ќе биде извлечени.

Со други зборови, се било во ред во периодот од 2015 до 2017 година, т.е ПСЖ останал во границите на ФФП и покрај потрошените астрономски суми.

Споменатите 60 милиони евра оваа сезона веројатно ќе бидат обезбедени многу лесно – со продажбатан а Гонзало Гуедеш (40-50 милиони евра) и уште некој помлад играч, како Одсон Едуардо кој би можел во Селтик.

Ослободувањето од било какви нерегуларности во споменатиот период (2015-2017), воедно значи и дека ПСЖ ова лето повторно ќе може да потроши прилично голема сума.

Кога во прашање се останатите клубови, Марсеј е казнет со 100.000 евра, Рома успеа да остане во границите, сметките на Интер и понатаму ќе бидат под контрола како и на Фенербахче и Трабзон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…