Барселона како што е познато е во лоша финансиска ситуација, но тоа сепак нема да ја спречи управата на клубот да се засили во зимскиот преоден рок.
Една од првите желби на Барселона ќе биде аргентинскиот голгетер и фудбалер на Ривер, Хулијан Алаварез. Популарниот „Пајак“ во Јужна Америка игра одлична сезона и на 44 натпревари постигна 21 гол во дресот на гигантот од Буенос Аирес.