Каква фудбалска недела не очекува веднаш после репрезентативата пауза…
Денес се извлечни паровите за Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде англиското дерби, иако ништо помалку интересен не е и дуелот на старите познаници Јувентус и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што посебно ги радува навивачите, но не толку Јирген Клоп и Пеп Гвардиола бидејќи меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите и за Ливерпул и за Сити доаѓа после тешки натпревари во домашното првенство.
Имено, Ливерпул и Манчестер Сити ќе се сретнат во среда, а за викендот „граѓаните“ го дочекуваат Манчестер Јунајтед, а „црвените“ му гостуваат на Евертон.
Сити токму на тој натпревар против Јунајтед би можел да ја обезбеди титулата, доколку претходно го победи Евертон на „Гудисон“.
Ништо подобро не помина ниту Реал Мадрид, кој пред натпреварот со Јувентус ќе игра против Атлетико Мадрид во Ла Лига и овој натпревар би можел да биде директен судир за втората позиција.
Јувентус исто така има интересен распоред, после паузата го пречекува Милан, па после три дена и Реал Мадрид.
Распоред на натпреварите од ¼ финалето
Вторник 3 април: Јувентус – Реал Мадрид, Севиља Баерн Минхен
Среда 4 април: Барселона – Рома, Ливерпул – Манчестер Сити
Вторник 10 април: Рома Барселона, Манчестер Сити – Ливерпул
Среда 11 април: Реал Мадрид – Јувентус, Баерн Минхен – Севиља