Дома Фудбал Италија Партичи: Роналдо е иднината на Јувентус и ќе потпише нов договор

Партичи: Роналдо е иднината на Јувентус и ќе потпише нов договор

Кристиано Роналдо во последно време е во центарот на вниманието поради наводниот конфликт со Маурицио Сари.

Имено, од натпреварот со Милан наваму на големо медиумите пишуваат дека нешто не е во помеѓу стратегот на Јувентус и првата ѕвезда. Ќе потсетиме, Сари тогаш го замени Роналдо уште во 52. минута, а на негово место во игра влезе Дибала кој подоцна го реши натпреварот. Роналдо покажа незадоволство така што не се седна на клупата за резерви туку се упати во соблекувалната.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во последното обраќање пред медиумите Фабио Партичи, спортскиот директор на Јувентус доби прашање за Роналдо, а неговиот одговор беше прилично јасен.

„Кристиано Роналдо е иднината на Јувентус и наредната година ќе потпише нов договор“, изјави Партичи.

Сезонава Роналдо до сега беше стрелец на шест гола во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по за…