Дома Македонски спорт Парондо: Си заминувам тажен, Скопје засекогаш ќе биде во срцата моето семејство

Парондо: Си заминувам тажен, Скопје засекогаш ќе биде во срцата моето семејство

Роберто Гарсија Парондо оваа сезона пријатно ја изненади македонската спортска јавност и во првата сезона како тренер на Вардар успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Парондо после успехот кој го постигна и покрај сите проблеми во клубот заминува од Вардар и во иднина ќе работи како селектор на репрезентацијата на Египет.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За Парондо Вардар е најдобриот тим во светот, а тој со тешко срце ќе ја напушти Македонија.

„Имавме проблеми, но и покрај тоа ги освоивме титулите во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, тоа е навистина голем успех. Македонија ќе ја напуштам тажен, моето семејство сакаше да останеме. Сите одлично се прилагодивме на животот тука. Скопје секогаш ќе остане во нашите срца“.

„Доживувањето на ракометот во Македонија и Шпанија не е исто, тука за нас се радуваа сите. Двете недели откако станавме шампиони во Келн беа навистина неверојатни. Вардар е најдобриот тим“, порача Парондо.

Ќе потсетиме, Вардар веќе ја доведе замената за Парондо и тоа нов Шпанец кој доаѓа од Ваљадолид, Давид Писонер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …