Дома Фудбал Италија Парма останува во Серија А, но ќе започне со -5 бода

Парма останува во Серија А, но ќе започне со -5 бода

Новајлијата во Серија А, Парма нема да биде исфрлена од елитната лига, одлучи денес спортскиот суд во Италија.

Меѓутоа, судот ги казни „млекарите“ со одземање на 5 бода, па новата сезона 2018/19 ќе ја започнат со – 5 бода. Притоа, напаѓачот Емануеле Калајо доби суспензија од 2 години и треба да плати казна од 20.000 евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Напаѓачот беше фатен како разменува „чудни“ СМС пораки со играчи на Специја пред мечот меѓу двата тима, кој беше клучен за пласманот на Парма во Серија А.

На Парма и се закануваше враќање во Серија Б, но судот одлучи да остане во Серија А и да и одземе 5 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…