Дома Македонски спорт Панчев: Јас имам две мајки – првата е Македонија, втората Србија 🎥

Панчев: Јас имам две мајки – првата е Македонија, втората Србија 🎥

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев беше гостин во Белград каде што присуствуваше на промоцијата на ретро  дресот на Црвена Звезда.

Познато е дека Панчев има голема поврзаност со клубот каде што ги оствари најголемите успеси, а неговото во српскиот клуб вечно ќе се памети.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


„Кога го облеков дресот ми се вратија спомените на 1991 кога ја покоривме Европа. Добив желба повторно да играм, но годините си го прават своето. Покрај светиот грб стои мојот потпис, има и ознака дека ја освоив „Златната копачка“. Драго ми е што се чуваат тие сеќавања“, изјави Панчев.

Очекувано, како најзаначјни клубови во неговата кариера ги оздвои Вардар и Звезда.

„Немам дилеми, секогаш сум зборувал дека Вардар и Црвена Звезда се најважните клубови за мене. Јас имам две мајки, првата е Македонија, втората Срвија и тоа е нешто кое никој не може да го промени. Се останато и играњето на други места било печалбарски, она што го имам во срцето за Вардар и Звезда е она вистинското. Моите чувства и спомени се поврзани за овие клубови“, зборува Панчев.

Инаку, токму вчера изминаа 33 години од денот кога Панчев го постигна голот од историскиот пенал против Марсеј со кој Звезда стана европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Саудијците го купуваат осумкратниот француски шампион и го крадат клучниот човек на ПСЖ?!

Во францускиот фудбал одекна вест дека фудбалскиот клуб Монако ќе добие нови сопственици и…