Горан Пандев зборуваше за престојните октомвриски квалификациски натпревари за Светското првенство против Лихтенштајн и Германија.




Македонија септемвриските квалификации ги започна со нов селектор и одигра три реми натпревари, но Пандев смета дека се уште не се загубени шансите Македонија да се пласира на СП.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Може да се бориме за второ место во групата. Последните резултати беа разочарувачки и шансите ни се намалија, но веројатно неискуството на селекторот си го направи своето. Требаше да освоиме повеќе бодови, но сметам дека може да се поправиме. Очекувам победа против Лихтенштајн и добар резултат со Германија“, вели Пандев.