Горан Пандев очекувано е еден од најабараните фудбалери за интервју пред утрешниот натпревар помеѓу Италија и Македонија.
Пандев со исклучок на една сезона која ја помина во Галатасарај целата своја кариера ја помина во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дефинитивно ова е натпревар кој не го посакував во бараж за Светското првенство. Македонија за ме не е се, но и Италија исто така ми даде се. Тука се родени моите деца, да се игра против европскиот шампион секако не е идеално за нас. Но од друга страна целиот притисок е врз нив“, зборува Пандев за „Кориере дела Сера“.
Посочи Пандев дека Македонија има балкански менталит, а тоа значи дека може да ги победи најдобрите, но и да изгуби од најслабите.
„Мотивирани сме затоа што таков е балканскиот менталитет, сите сакаат да покажат што можат и да се докажат, така ја победивме Германија. Но, веднаш потоа може да загубиме и од Андора“, изјави Пандев.
Отсуството на Елмас ќе биде голем хендикеп.
„Тоа што нема да игра Елмас е голема предност за Италија, Елиф е наш клучен играч и сигурно можеше да им направи сериозни проблеми. Манчини си дозволи да не повика и еден Балотели, а тоа доволно зборовува каков квалитет поседуваат“, порача Пандев.
Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра утре во терминот од 20:45 часот.