Дома Македонски спорт Пандев за одењето во Инстанбул, враќањето во Италија, Бенитез..

Пандев за одењето во Инстанбул, враќањето во Италија, Бенитез..

Денес „Калчомеркато“ го објави третиот дел од големото интервју со Горан Пандев.

Пандев во овој последен дел зборуваше за трансферот во Наполи, Галатасарај, враќањето во Италија и за македонскиот фудбал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога дојде понудата од Наполи веднаш прифатив. Станува збор за тим со голема историја. На нивниот стадион остануваш без здив, градот живее за фудбалот. Одговарав на стилот на игра на Мацари и играв констатно. По него дојде Бенитез, а кај него некогаш и кога играв добро не ме ставеше игра. Поради тоа и си заминав“.

Од Наполи Пандев премина во Инстанбул, во редовите на Галатасарај.

„Сите знаеме каков клуб е Галатасарај имаат фантастични навивачи и одлични услови. Во тој тим на Галатасарај тогаш играа Снајдер и Муслера, моите поранешни соиграчи. Меѓутоа од денешна гледна точка мислам дека малку избрзав. Не помислив на ограничениот број за странци, потоа и ми недостигаше Италија, па се вратив“.

За Академија Пандев и неговата репрезентација.

„Сакав да направам нешто за мојот народ, сакам да откриваме таленти и да им даваме шанса. Проектот засега според мене е успешен. Македонија знае да даде многу квалитетни играчи. Сега имаме добра генерација. Многу од момците играа на младинското ЕП. Добар дел се во силни првенства, верувам дека и во иднина Македонија ќе дава одлични играчи“.

Потврди дека Џенова ќе биде последниот клуб во неговата кариера.

„Тука се чувствуваме одлично и јас и моето семејство. Џенова ќе биде мој последен клуб во кариерата“, изјави Пандев.

Целото интервју на Пандев – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…