Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна дебитантскиот гол за Македонија на Европските првенства, а сега во изјава за „Скај Спорт“ посочи дека се уште не знае дали ќе ја смени одлуката за пензија.
Како и што многу пати најави Пандев веројатно ќе се повлече по завршувањето на ЕП со Македонија. Одлуката не е конечна, но засега неговите најави одат во таа насока.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Сега не размислувам за одлуката за пензија, фокусиран сум на Македонија, не знам дали ќе се премислам. Среќен сум за голот иако резултатот не беше најдобар за нас, но за Македонија најважно е што е дел од Еуро 2020. Посебно беше да се слушне химната на вакво натпреварување, возбудата беше огромна“.
„Испишавме историја со пласманот. Имаме млад тим кој нема некое големо искуство на вакви натпревари. Со Австрија го дадовме максимумот, но се покажа дека тие се посилни и заслужено победија. Се надеваме на подобро издание со Украина“, изјави Пандев.
Дуелот помеѓу Македонија и Украина се игра утре од 15:00 часот.